Денска е 20 февруари (по стар стил) и се слави Св. Лав Катански

t

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните.

Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува.


Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а свети Лав остана недопрен од огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верници од Македонија со цвеќе му го…

Утрово во Фанар, во Соборниот храм на…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Светиот апостол Андроник Еден од Седумдесеттемина. Роднина…

РПЦ: Му благодариме на Бога што ја…

Светиот синод на Руската православна црква го…

Украинската проруска црква се одвои и прогласи…

Украинската православна црква Московски Патријархат, ги прекина…

Се празнува Светата маченичка Гликерија

Ќерка на еден гувернер на Рим. По…