Објавено на:

Ден на жалост утре во Македонска Каменица

t

Во Македонска Каменица прогласен е Ден на жалост. Одлуката ја донесе Советот на општина Македонска Каменица на денешната седница, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица. За Ден на жалост, како што беше соопштено на седницата, се прогласува утрешниот ден, вторник, 20 јуни 2023 година.

Трагичниот настан, како што претходно беше објавено во полицискиот билтен, се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…