Детали за состојбата на хрватскиот ракометар: Докторите се борат за неговиот живот

t

Наспроти информациите на клубот Бутел и хрватските медиуми дека ракометарот Денис Тот синоќа бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, потврди за „Фокус“, директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“, вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како во среден век! – Во Македонија…

Домашната јавност се вознемири од веста за…

Литванија од утре без гас

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека…

Руски професор тврди: Војната во Украина е…

Руски професор по политички науки тврди дека…

Следната недела разговор меѓу Вучиќ и Путин,…

Претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин…

ПОЛНИ ВРЕЌИ СО ГРАНАТИ СРЕДЕ ШИПКОВИЦА: Експлозивните…

Вчера околу 11.00 часот во Полициското одделение…