Детали за трагедијата во Босна: Загинаа познат инструктор по летање и неговата ќерка

t

Спортски авион Цитабриа со две седишта денеска околу 14 часот и 50 минути се урна во нива покрај главниот пат Приједор-Козарска Дубица. Во него имало две лица, таткото, познат планинар и инструктор по летање и неговата постара ќерка. Помладата била на земја и ја видела трагедијата на своите најблиски.

Во текот на денот тие веќе успешно летале со авионот, но последниот лет со кој пилотирал Љ.А. завршил трагично.

„Летаа 20-30 метри во воздух и наеднаш се срушија. Не знам дали изгубил контрола, или што се случило“, изјавил жител на Приједор, пренесе N1.

Според очевидци, авионот се урнал веднаш по полетувањето, а бил стар околу четири децении.

„Авионот падна веднаш по полетувањето на полето покрај главниот пат Приједор-Козарска Дубица“, раскажуваат тие.

На местото на несреќата се припадници на полициската управа Приједор и припадници на Територијалната противпожарна и спасувачка единица.

Со соработниците пристигна и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, пренесува „Инфоприједор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…

Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…

Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…