Објавено на:

Детали за трагедијата во Србија: Таткото жив горел на терасата и се обидувал да си ги спаси децата, на крај морал да скокне

t

Таткото на четирите деца кои утринава загинаа во пожарот во Нови Пазар жив горел додека се обидувал да ги спаси своите деца, велат за српските медиуми очевидци на трагедијата. Несреќниот маж преку терасата се обидел да влезе во собата во која биле неговите деца, но не успеал да ја отвори вратата.

Лекарите од болницата во Нови Пазар соопштија дека телата на трите деца практично биле јагленосани при приемот, додека четвртото дете давало знаци на живот, но изгорениците биле толку страшни што ни реанимацијата не можела да го спаси.

Соседите на ова семејство велат дека не паметат ваква голема трагедија во нивниот крај. Еден од нив случајно поминал покрај зградата и го видел таткото на детето како гори на терасата – вели соседот и додава:

Човекот жив гореше, огнот му беше на телото! Тој повика помош и се обиде да ја отвори вратата од терасата за да дојде до своите деца и да ги спаси, но за жал не успеа, а бидејќи и самиот бил во пламен скокнал од терасата.

Некои од случајните минувачи втрчале во зградата и се обиделе да им помогнат на несреќните луѓе, а целата сцена имала застрашувачки ефект.

Tаткото на семејството, според непотврдени информации, египетски државјанин, е префрлен во болница во многу тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Повредена е и мајката А.А., но има изгореници кои не се опасни по живот и е во стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија најави најголема изложба на оружје и…

Минисерството за одбрана на Србија ќе организира…

Да не се повтори: На денешен ден…

На денешен ден пред 24 години почнаа…

Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…

Српска листа соопшти дека одлуката да не…

Голем удар за Србија: Блинкен вели пет…

Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека…

Курти ги покани Србите во Косово да…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите…