ДЕТЕ СО ПОТЕКЛО ОД ПАЛЕСТИНА Е ИЗБОДЕНО ДО СМРТ, А МАЈКА МУ Е ТЕШКО РАНЕТА; Американец изврши грозоморно убиство поради војната во Израел

Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно дете и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас.
Полицијата ги пронашла жената и момчето во саботата наутро во дом во Плејнфилд, југозападно од Чикаго, се наведува во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Вил. Детето било избодено десетици пати, како и жената која се здобила со повеќе убодни рани.
Детективите утврдија дека и двете жртви на нападот биле мета бидејќи биле муслимани и поради тековниот конфликт на Блиски Исток во кој се вклучени Хамас и Израелците, се наведува во полициското соопштение.
Нападот го пријавила жртва, која се јавила на телефон за итна помош за да пријави дека била нападната со нож од сопственикот на станот каде живеело семејството. Насилникот доби кривична пријава за убиство од прв степен, обид за убиство и тежок напад со смртоносно оружје.
Според Советот за американско-исламски односи, повредената жена е мајка на убиеното дете. Исламската организација за граѓански права го опиша случајот како „наш најлош кошмар“ и дел од вознемирувачкиот пораст на повици и мејлови кои содржат говор на омраза од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тепачка во НБА: Нуркиќ го „шлапна“…
Кошаркарите на Далас се радуваа на победа…
(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград,…
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија…
Трамп го повика Врховниот суд да го…
ТикТок и неговиот сопственик ByteDance настојуваат да…
Словачка потврди дека се согласила да биде…
Словачка синоќа потврди дека се согласила да…
Еве какво време не очекува денес
Времето денеска изутрина е студено со појава…