Објавено на:

Децата во Русија историја ќе учат од прво одделение

t

Учениците во руските училишта ќе почнат да учат историја уште во прво одделение во основно училиште, изјави рускиот министер за образование Сергеј Кравцов.

„Ќе направиме сè за да ја зачуваме историската меморија. Одлучив учењето историја во училиштата да започне од прво одделение“, рече Кравцов.


Во моментот, учениците во Русија ги имаат првите часови по историја во петто одделение.

Руските власти постојано тврдат дека некои странски земји се обидуваат одново да ја испишат историјата.

Самиот Путин истакна дека Москва е должна да обезбеди зачувување на вистината за Втората светска војна, која во Русија ја нарекуваат Голема патриотска војна и да се спротивстави на обидите за фалсификување на историјата, пишува руската новинска агенција РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во основни и средни…

Утрово во неколку училишта на територијата на…

Во Хондурас е уапсена Херлинда Бобадила шефица…

Властите во Хондурас ја уапсија Херлинда Бобадила,…

Британски доброволец во Украина: Тоа беше самоубиствена…

Новинарот на Телеграф разговарал со британски платеник…

Додека Шверцери славеле титула, Комити им го…

Бурен навивачки викенд имаше изминатиов викенд во…

Нова закана од Москва: Шведска и Финска…

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков…