Објавено на:

Димитриевски за „МАРКА“: Ова е најважниот меч во мојата кариера

t

Голманот на македонскиот национален тим Столе Димитриевски даде интервју за „Марка“ пред квалификацискиот натпревар против Италија.

Тој кажа дека ќе биде чудо ако Макеоднија ја елиминира Италија, и дека ова е најважниот меч за репрезентацијата и во неговата кариера.

„Ќе биде чудо, но веќе победивме во групната фаза против Германија и секако дека имаме шанси. Италија ќе направи се да не победи, и одењето во Палермо може да биде продуктивно за нив, но може и да се сврти традицијата против нив. Италија е под притисок, додека ние сме мирни и ја чекаме нашата шанса. Не би било неуспех ако не се оди во Катар, но ова е нешто со кое нашите навивачи треба да се гордеат. Ова е најважниот меч за репрезентцијата и за мене во мојата кариера. Сите натпревари за Рајо ми се важни, но репрезентацијата е нешто поинакво кога целата твоја земја е зад тебе“, вели Димитриевски.

Познато е дека Италијанците многу емотивна ја интонираат химната, а Столе Димитриевски тоа го коментираше:

„Не чувствувам ништо со ривалската химна, туку со мојата. На Европското првенство многу играчи плачеа што сме таму. Не можам да ви објаснам како се чувствував кога ја слушнав химната“, рече голманот на репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…