Димитриевски се пишмани: До скоро беше член на СДСМ, сега нема намера да се враќа таму

t

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во врска со неговото членство во СДСМ вели дека не може да биде дел од нешто што не го одобрува.

-За мене е ирелевантно, воопшто мислам дека не треба јавноста да се занимава со тоа бидејќи мојот пат е јасен, немам намера да се враќам назад – рече тој во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој информираше дека во тек е формирањето на граѓанското движење и верува дека на следните избори ќе ја добие поддршката од граѓаните.

-Во тек е формирањето на граѓанското движење, очекуваме во септември, октомври тоа да се случи во Скопје и ќе ги повикаме сите граѓани. Тоа ќе биде граѓанска иницијатива/движење коешто досега не било вообичаено, ќе биде од граѓаните за граѓаните и верувам дека на следните избори ќе ја добиеме поддршката од граѓаните бидејќи ќе излеземе со реално остварливи политики и ќе ставиме крај на корупцијата и рашомонијата во државата – рече Димитриевски.

Димитриевски претходно изјавуваше дека е член на СДСМ, што очигледно во меѓувреме се променило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од СДСМ велат Касами е изгубен во…

Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на…

Апасиев: СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште еднаш…

Димитриевски се пишмани: До скоро беше член…

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во…

Сегашниот градоначалник од СДС доделил стипендија од…

Сложни калуѓери и во петок мрсат е…

Груевски ги искара СДСМ како да се…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ги…