Димитров: Мислам дека се брза во спорот, не е само да се тргне бугарското вето, важно е како тоа ќе се ќе се направи

Мислам дека се брза во спорот, ова е целосен став на новата влада, не е поврзано со претходната, смета поранешниот вицепремиер и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров, говорејќи за претстојната заедничка седница меѓу македонската и бугарската влада во Софија.
Според Димитров, претходниот став бил дека ова е пакет.
-Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме, вели Димитров во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Поранешниот министер додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.
-Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка, истакнува Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борел: Ќе има сериозна криза ако Македонија…
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп…
Радев: Не смееме да дозволиме легитимизација на…
"Не смееме да дозволиме легитимација на македонизмот…
Османи повтори: Топката е кај Република Бугарија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше…
Досега требаше да биде изграден, а власта…
Клиничкиот центар е проект за кој се…
Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…
Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…