Димитров открива една од точките во прашањата 5+1

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, оценува дека одговорите на прашалникот 5+1 испратени до Бугарија се во рамки на едно достоинствено решение. Во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говорејќи за прашалникот тој кажа дека една од точките во него е меѓу позначајните за нас.
„Таа точка очекува од Бугарија да ја одобри преговарачката рамка, да даде зелено светло за првата меѓувладина конференција и тоа на линија на португалскиот предлог, според кој, во преговарачката рамка, сосема чисто, без никакви дообјаснувања, си стои македонскиот јазик, а мониторингот на тоа како ќе оди имплементацијата на билатералната патека да биде во Советот за стабилизација и асоцијација. Сметав дека е исклучително важно, а и чесно кон Бугарија, експлицитно да биде наведено тоа што нам најмногу ни е потребно. Јас без таа точка немаше да се согласам и немаше позицијата со одговорите да биде заедничка“, рече Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРУКА НЕВИДЕНА: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се…
Партијата како организација нема помогнато за уставобранителите,…
,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА…
Повеќето од нив можеби немаат финансиски или…
Груевски беше преголем за овој народ: Направи…
Груевски придаваше вредност на секоја пора од…
(Видео) Бербок на Мицкоски му кажала дека…
За целата ситуација во опозицијата јас го…
Неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадор…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65)…