Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се менува историската вистина – Бугарија треба да објави до среда!

t

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа Фејсбук вели дека крајниот рок до кога Бугарија треба да објави што е договорено со Заедничката мултидициплинарна експертска комисија е до среда, односно до 17 август.

Ја пренесуваме неговата објава во целост:

-До 17 август Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања (историска комисија) со Бугарија има обврска да објави што договорила со Бугарија.

Во целиот Протокол има рокови (иако велеа дека нема).

Со потпишувањето на Протоколот врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Република Македонија превзема пред Бугарија (а за жал и пред Европската Унија) низа од обврски кои се неразумни и се надвор од досегашната пракса на зачленување на членки во ЕУ, но и излегуваат надвор од договорот во поглед на содржина, цели, рокови и материја. Живо сум заинтересирам како со политички назначена комисија ќе ни се адаптира, подесува и менува историската вистина која сме ја учеле со генерации наназад. Но и, како ставот на политички назначената комисија ќе биде обид за рушење на илјадниците томови стручни изданија, симпозиуми и книги кои нашата и светската наука ги твореше во минатите повеќе од 7 декади, пишува Димовски во објавата.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…

Социјалните мрежи вријат: Едни велат “Таче е…

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва беа поразени од…

Македонија со пораз го заврши овогодинешното издание…

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го заврши овогодинешното…