Дипломатски скандал: Кривокапиќ го врати црногорскиот МНР од посетата на Македонија

t

Според црногорските медиуми, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ го вратил министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ од официјалната посета на Македонија.

Се проценува дека со овој потег Кривокапиќ сакал да ја „саботира посетата на министерот Радуловиќ на Македонија“, каде што, како што се наведува, требало да се сретне со највисоките функционери. Откако авионот во кој се наоѓал министерот Радуловиќ слетал во Македонија, тој бил известен дека неговата посета е откажана.

Медиумите посочуваат дека посетата официјално ја најавила тамошното МНР пред неколку дена. Се оценува дека ова е дипломатски скандал на тамошната Влада, бидејќи министерот требало да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, како и со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Според информациите на порталот ЦДМ, министерот Радуловиќ со делегација допатувал во Скопје, како што било објавено вчера во црногорските медиуми.

Според неофицијални информации, посетата нема да се оствари, па црногорската делегација ќе се врати дома без ниту една средба, иако биле потврдени.

Потсетуваме, откако вицепремиерот Дритан Абазовиќ на 17 јануари објави дека има намера да формира малцинска влада, во тек беше реконструкција на силите на политичката сцена, а министерот Радуловиќ застана на страната на движењето УРА и Абазовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…