Директорот на ЦУК Ангелов на средба со ски-патролата на Попова Шапка

t

На покана на Здружението за заштита и спасување во планина и на непристапен терен „Асклепиј”, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја посети истоимената Ски патрола на терен – на Скијачкиот центар „Попова Шапка”, каде што оствари средба за запознавање со нивната работа со познатиот алпинист и двигател на многу проекти од сферата на спасување човечки животи на планина, Константин Циривири.

Покрај директното запознавање со динамиката на работа, Ангелов се запозна и со проблемите со коишто се соочуваат овие спасители, а чиешто решавање би значело и зголемена безбедност на скијачите и посетителите на Ски центарот, а и пошироко. Центарот за управување со кризи, согласно своите ингеренции и можности, преку соработка со ваквите активни невладини организации го зголемува и потенцијалот на системот за управување со кризи што преку координција би дал подобри резултати за лување и за спасување животи, а и материјални и природни добра.

Во поглед на случените повреди, конкретно на теренот на Ски ценарот, истакна Циривири, околу 20 до 30 проценти биле сериозни повреди за коишто е потребен медицински транспорт. Практиката покажала дека во една скијачка сезона има околу стотина такви сериозни повредени, при што некогаш во еден ден може да има и по повеќе од два до три итни случаи на повредени. Транспортот на повредените од скијачките терени го извршуваат спасувачките Ски патроли со специјана „аки” санка што ја придвижуваат два скијача – спасители или со моторна санка до првиот пат којшто е најблизу до местото на повреда, а потоа го преземаат медицински лица со возилата на медицинска брза помош. Значајно е што Ски патролата работи и по меѓународни стандарди, бидејќи ова здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен „Асклепиј” е првата организација во нашата држава, а е се уште и единствената, којашто стана член (од 2016-та година) на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на неделата се очекува разрешница…

Нема простор за паника, бидејќи не се…

Штипјани реагираат на бучава од мотоцикли, надлежните…

\Група малолетници со своите мотоцикли низ штипските…

Фатен дрвокрадец во Ресенско

Полициски службеници од полициската станица Ресен и…

Русија ги обвинува ЕУ, Полска, Украина и…

Испораките на рускиот гас до Европската Унија…

ДИК ги усвои измените на финансискиот план,…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та…