Директорот не се напи од водата, но ќе одговара: ОЈО Куманово оформи предмет за Крива река!

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината.
– Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, коишто презеле дејствија на контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува да се преземаат и други дејствија, издадени се наредби и вештачења – информираа за МИА, од ОЈО Куманово.
Денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски презентираше нови анализи со кои тврди дека водата во реката е сериозно загадена. Вчера на прес-конференција менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем што настанал во рудникот Тораница не предизвикал загадување на Крива река.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…