Дичев има предлог: Бугарската влада била соучесник со Хитлер, но војниците верувале дека ја ослободуваат Македонија
Професорот по културна антропологија на Софискиот универзитет, Ивајло Дичев, во изјава за МКД.мк вели дека нивните владини претставници „не знаат каде одат“ по отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
– Нашите владетели јавно не знаат каде одат, а можеби не ја знаат доволно ни улогата на Ванчо Михајлов пред чие име се сликаа. Кај нас ги покажаа само оние плакати на кои што се обвинуваат Бугарите дека им се крвави рацете. Со ова решението на глупавиот спор се оддалечува уште повеќе, а сите наши фундаменталисти го кажаа и го нагласија тоа – изјави Дичев за порталот МКД.мк.
Според професорот, историската формула за решение на спорот треба да гласи дека „тогашната бугарска влада била соучесник на Хитлер, но обичните бугарски војници верувале дека ја ослободуваат Македонија. Тој смета дека таква формулација ќе ѝ овозможи на современа Бугарија да го зачува достоинството.
Извор: МКД
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…
Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…