ДКСК нема информации за евентуална оставка од претседателката која не може да работи ништо, само ќе постои и ќе зема плата

t

Претседателката на ДКСК која е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот Адитив, до овој момент не ја известила ДКСК дека поднесува оставка, иако не може да работи ништо, нема пристап до предметите и службената комуникација.

Забраната за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело во конкретниот случај подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од ДКСК пак на прашањето на Инфомакс дали претседателката планира да си поднесе оставка одговорија дека до овој момент немаат таква информација.

Ве известуваме дека Државната комисија за спречување на корупцијата нема информации за евентуална оставка од страна на претседателката.

Државната комисија за спречување на корупција, во рамки на своите законски надлежности, продолжува да функционира редовно. – стои во одговорот од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…

Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…

(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…

„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…

Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…

Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…

Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…