ДКСК отвори постапка против директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми

Државната комисија за спречување корупција води постапка против акуелниот директор на Финансиска полиција, Арафат Муареми потврди утринава за Инфомакс претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.
Неофицијално се испитува потелкото на имот на директорот на Финансиска полиција за кој изминативе години беа доста турбулентни и проследени со низа скандали од кои последниот резултираше и со кривична пријава за Муареми.
Mуареми најверојатно е еден од најбогатите државни функционери, а неговиот Анкетен лист доставен до ДКСК повеќе наликува на Анкетен лист на бизнисмен отколку на државен службеник.
Имено Муареми поседува барака во Скопје од 470 м2 која чини повеќе од 70 илјади евра, во Гостивар тој поседува куќа од 500 м2 со дворно место од 1500 м2 која чини неверојатни 250 илјади евра. Тој поседува уште еден плац од 600 м2, плац во Гостивар кој чини 30 илјади евра. Муареми во својот анкетен лист има наведено и два автомобила Мерцедес кој заедно вредат околу 35 илјади евра, а на двете банкарски сметки кои се во сопственост на неговиот родители има 115 илјади евра во кеш и 30 илјади швајцарски франци.
Она што е можеби најпроблематично е што за поголем дел од својот имот Муареми нема наведено како се има стекнато со истиот, односно како со државна плата се стекнал со луксузен имот во Гостивар од 250 илјади евра.
Покрај постапката во ДКСК за Муаереми се води и постапка во Обвинителството за гонење на организиран криминал која е резултат на кривичната пријава која ја поднесе државниот правобранител, а се однесува на периодот кога Муареми е истражител во СЈО.
Државното правобранителство на Македонија поднесе кривична пријава против поранешните обвинители во СЈО, Артан Ајро, која сега е обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Гаврил Бубевски, актуелен шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, како и за Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, сега директор на Управата за финансиска полиција.
Во кривичната пријава Муареми, Ајро и Бубевски се сомничат дека биле ден од „Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење“.
Во пријавата се потенцира дека директорот на Финансиска полиција заедно со своите тогашни соработници дозволил Кочан да го префли имотот од Трансмет на Нова ТВ и со тоа да избегне заплена на милионскиот имот на компанијата.
-Тие заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд, а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Првопријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава ‘не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства, а кои биле должни да ги превземат во постапката, стои во пријавата.
Документите со кривичните пријави за конфискацијата на имотот на „Трансмет“ се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата, но Муареми и натаму директорува со Финансиската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…
Џеј Ди Венс во петок ќе го…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…