Добива ли Бугарија награда од Грција за малтретирањето на Македонија? Грците ќе градат нуклеарна централа во Бугарија

t

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев, за Нова ТВ изјави дека Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција според долгорочен 20-годишен договор.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Василев, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да има купувач за произведената струја.


Бугарија веќе учествува во терминалот за течен гас во Александрополис, рече Василев, додавајќи дека Софија е во преговори со Атина и има поддршка за Бугарија да учествува во самото пристаниште, за да има трговски излез кон Егејското Море.

Василев посочи и дека Грција и продаде 40 отсто од дополнителниот гас на Бугарија, што не го користи и покрај тоа што нејзиниот енергетски систем е на гас. Тој увери дека бугарските власти имаат планови и подготовки за избегнување на енергетската криза во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев утре ќе го даде мандатот за…

Бугарскиот претседателот Румен Радев утре, на 1…

Француското претседателство завршува, бугарското вето останува!

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска,…

Тоа што Путин го прави со бомби,…

„Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е…

Важна вест ако патувате во Грција: На…

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос…

Македонија му ја сруши владата, Русија надежта…

Ги прекинуваме сите преговори со партијата на…