Добра вест: Следната недела дополнително ќе се намали цената на брашното

Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.
-Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, напиша Бектеши.
Владата минатата недела ги замрзна цените на јајцата и оризот, додека претходно беа замрзнати цените на лебот и млечните производи, како и на тестенините.
Според Бектеши пекарите имаат доволна заработувачка со моменталната цена на лебот од 33 денари, но дека големите произведувачи на леб се здружиле во “пекарски картел” кој ги диктира цените на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добра вест: Следната недела дополнително ќе се…
Производителите на брашно во државата следната недела…
Кромидот поскап од ананасот: Цените на зеленчукот…
Граѓаните се за идејата за замрзнување и…
Од полноќ поевтинуваат горивата
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва…
Бектеши за пекарниците: Четири-пет компании се здружиле…
Во Градот Скопје во делот на производство…
Владата денеска ќе ги замрзне цените на…
Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна…