Добра вест: Ќе се укине задолжителното носење маски во училиштата – Еве ги деталите

t

Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19 (ГККШ) на седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска.

За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.

Како што информираат од владината прес-служба, ГККШ, поднел заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.

На оваа своја седница ГККШ одлучил да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 отсто да се зголеми на 75 отсто со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од Ковид.

На седницата е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести смирува: Нема онлајн…

Од Комисијата за заразни болести велат дека…

Не се секирајте – Шаќири: Ако има…

Во интервју за телевизијата "Алсат", министерот за…

Можно е враќање на задолжителните маски во…

Се очекува во периодот што следи Комисијата…

Нема “Рамковен” во Летонија: Се укинува рускиот…

Летонија планира да го укине рускиот јазик…

ЕУ ги укинува маските во авионите и…

Маските за лице повеќе нема да мора…