Добри вести, нема мајмунски сипаници во Македонија: Директорката на Инфективна вели дека не е примен сомнителен случај

Директорката на клиниката за Инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ, во куса изјава за Плусинфо ги негираше информациите кои се појавија во текот на вчерашниот ден за можната појава на првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија.
– Во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести не е примен пациент со таква симптоматологија – вели д-р Стевановиќ.
Таа додава дека доколку се случи такво нешто, во заедничка координација со Министерството за здравство, како и со вработените на клиниката, ќе се организираат, со цел прием на пациенти со мајмунски сипаници.
Oд Министерството за здравство за Плусинфо информираат дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев со емотивна објава се прости од…
Професорот Димитар Апасиев со емотивен статус се…
Десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на…
Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската…
Директор на полицијата потврди: „Моравме да реагираме…
Директорот на полицијата во Србија, Драган Васиљевиќ…
(Фото+видео) Дел од вчерашните инциденти во Србија…
Полицијата тргна во јуриш против толпата демонстранти…
Денеска се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон…