ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВАТИКАН: Папата утре излегува од болница, а в недела ќе биде на миса

Вечерта Папата вечера, јадеше пица, беше заедно со сите што му помагаат додека е во болница: лекарите, медицинските сестри, асистентите и целиот персонал, вели портпаролот на Ватикан.
Директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни денеска изјави дека папата Франциско утре ќе биде пуштен од болница, откако во средата беше хоспитализиран поради бронхитис.
– Можам да потврдам дека, бидејќи утре се очекува Папата да биде пуштен од болница, што значи дека поглаварот на црквата в недела ќе биде присутен на миса на плоштадот Свети Петар – изјави Бруни.
Тој додаде дека на Папата му било добро во четвртокот, а од Ватикан денеска потврдиле дека и ноќта поминала мирно.
– Вечерта Папата вечера, јадеше пица, беше заедно со сите што му помагаат додека е во болница: лекарите, медицинските сестри, асистентите и целиот персонал – додаде Бруни.
Тој истакна дека утрово Папата појадувал нормално, го прочитал весникот и од болницата се вратил на работата што може да ја работи.
– Враќањето на Неговата Светост во домот Санта Марта се очекува утре, по најновите утрински медицински тестови – истакна Бруни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВАТИКАН: Папата утре излегува…
Вечерта Папата вечера, јадеше пица, беше заедно…
(ВИДЕО) ТВИТЕР „ПОЛУДЕ“: Кои се четирите зборови…
Гвинет Палтроу го доби судскиот спор против…
Трамп во вторник ќе се предаде на…
Доналд Трамп ќе се предаде на обвинителството…
Макрон следната недела во посета на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе…
Марокански фудбалер влета со автомобил во спортска…
Мароканскиот фудбалер Софијан Кијине (25) доживеа тешка…