Добри вести: Пронајдено исчезнато деветгодишно дете во Радовишко

t

Во атарот на радовишкото село Покрајчево денеска околу 10:30 часот полицијата го пронашла исчезнатиот деветгодишен малолетник од село Јаргулица, кого неговиот татко Љ.И. (44) синоќа го пријавил дека се оддалечил од дома.

Како што информираа од СВР Струмица, веднаш по пријавувањето полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, причините за оддалечувањето на детето од домот дополнително ќе се утврдуваат откако со него и неговите родители ќе биде извршен разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечно виновни: Милков тврди дека Македонија е…

За жал, реакцијата во Република Македонија е…

По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…

На барање на познатиот македонски сликар Илија…

Загриженост во НАТО: Ѕверот сака да ја…

НАТО вети дека ќе им помогне на…

Косово испраќа војници на Фолкландските Острови

Собранието на Косово ја усвои одлуката за…

Брука: Наместо да спроведува ред, полицаец се…

Полицаец физички нападнал друг полицаец во објект…