Добро утро со Инфомакс: Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија со бугарска, ние се бориме за слободна држава, Македонија на Македонците

На денешен ден, 18 мај, во 1872 година се родил големиот Македонец, револуционер, Пиринскиот цар Јане Сандански.
Од многуте херојски подвизи се издвојува и меѓу народот, а и во светот (барем во негово време) најпознат бил случајот со грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Хелен Стон, за која Сандански побарал откуп од 14.500 турски лири, пари кои подоцна биле искористени за зајакнување на Организацијата, како и борба со Врховистите.
Добро утро Македонци, во чест на роденденот на Сандански, денеска издвојуваме три негови мисли:
„Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат”.
“Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме”.
„Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…
Сведоштво на баба Велика, една “обична” Македонка:…
ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ! Славиме 120…
(Видео) И после глумат жртви?! Бугарите скандираа…
Навивачите на Левски на натпреварот против Шкупи…