Добро утро со Инфомакс: Од тоа пусто ропство сиот народ запусте

Коле Неделковски е македонски револуционер и поет, член на македонскиот литературен круг, еден од основоположниците на современата македонска поезија, активист на антифашистичкото движење во Бугарија.
Добро утро Македонци, уживајте во “Раткина неволја” од стихозбирката “Молскавици”:
Што ми Радка рано стана,
рано пусто в темни зори,
та си седна в бели двори,
тага вие, солзи лее.
Нели Радкин глас ми дочу,
таа ми ти пуста гора,
од жал, леле, лисја рони
и на Радка кротко збори:
„Дејди, Радо, пиле младо,
што ал, Радо, ми те најде,
та сред тоа ноќно време
тага виеш, солзи лееш.
Каква мака ми ти мачи,
леле, Радо, клето срце,
дал за мајка, ел за татка,
Радо, леле, ти заплака.
Дали, Радо, сон си сони
та од сон се ти исплаши,
ели, Радо, црна чума
први либе ти удрила?“
— Ејди, горо, шумна горо,
шумна горо јаворова,
ни за мајка, ни за татко,
ни за прво либе жалам,
туку друга тешка мака,
на срце ми, горо, лежи,
тоа, леле, пусто ропство
сиот народ што запусте!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добро утро со Инфомакс: Од тоа пусто…
Коле Неделковски е македонски револуционер и поет,…
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…