Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме ли Македонија да загине од Македонците заради партиски и (туѓи) државни интереси?

На тројца комити, еден кодош, или во превод македонската судбина која добро ја увиделе и се загрижиле за неа македонските студенти во Бугарија во 1930 година.
Да, пред Тито да ја измисли македонската нација, како што би рекле драгите ни соседи, Македонци, млади Македонци биле свесни за своето постоење, за својата историја, дека се Македонци и дека ќе треба да ја сочуваат татковината од сопствениот народ, покрај потребата да ја чуваат и од останатите.
Добро утро Македонци, во продолжение дел од АПЕЛОТ на македонските студенти во Бугарија од 1930 година.
“… дојде часот да ја спасуваме Македонија од Македонците. Ќе ја оставиме ли Македонија да загине од Македонците заради партиски и државни интереси? Да се дигнеме сите како еден. Да си подадеме рака и со заеднички напори во сојуз што стои чесно на чистите идејни позиции на македонското ослободително движење, на кои стоеја Гоце и Даме… Удри дванаесеттиот час и ако навреме не се сретнеме, не’ чека пропаст… Македонија нема да ја има. Дали нема да ја има? Македонци на нога!” – напишале Македонците во 1930 година.
Слично на денешната ситуација нели? Историјата се повторува за оној кој не учи од неа…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца палестински студенти застрелани во Вермонт, еден…
Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата…
Студентите не можат да се избањаат, домот…
Директорот им ја префрла вината токму на…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
(Видео) Жежов: ВМРО во некои периоди има…
ВМРО особено во периодот 1912-13 година и…
(Видео) Терористичките акции на ВМРО никогаш не…
Во својот Устав, посебно во правилниците стои…