Договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик – Потонаа лагите на Мицкоски, велат од СДСМ

t

Република Македонија наскоро ќе го потпише својот прв официјален договор со Европската унија и тоа на македонски јазик, без какви било фусноти и дополнителни објаснувања. Станува збор за Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс, а Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, соопштија утрово од СДСМ.

Според нив, „потонаа лагите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за некаква асимилација и бугаризација“.

-Со одлуката на Советот на ЕУ македонскиот јазик, признаен и заштитен на голема врата влегува во Европската унија, за да стане еден од официјалните јазици на големото европско семејство, потенцираат од СДСМ.

Вчерашната одлука на Советот треба да ја одобри Европскиот парламент, а потоа и македонското Собрание. Официјалното потпишување на договорот меѓу Македонија и Фронтекс се очекува до крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Спасовски: Мое Куманово е бастионот на…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на…

Богоев: СДСМ инвестира во рамномерен развој –…

СДСМ како централна и како локална власт…

Лукаревска од Липково: Очекуваме економски раст и…

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска…

Спасовски: СДСМ се грижи за националните и…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на…

Не умри магаре до зелена трева –…

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се…