Објавено на:

Додик: Босна и Херцеговина ја дестабилизираат неколку групи муслимани потпомогнати од западни амбасади

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик оцени дека БиХ е дестабилизирана од муслиманите помогнати од неколку западни амбасади.

Додик на својот Твитер профил напиша дека се друго, како што наведе, е „плод на фантазијата на муслиманскиот преставник во тројното престедателство на БиХ Шефик Џаферовиќ, кој неиспровоциран се најде во високата политика, не знаејќи ништо друго освен да инвестира во западниот дел на меѓународната заедница“.

Додик смета дека Џаферовиќ пред тоа би можел да одговори колку муџахедини лично контролирал во граѓанската војна во БиХ и колку злосторства извршиле, а потоа да остави на светот да процени како е можно некој со таква биографија воопшто да е на слобода.

„Фактот што Џаферовиќ е во Претседателството на БиХ е доказ за ненормалноста во која егзистира БиХ“, изјави Додик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Она што се прави кон Додик…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Дојави за бомби во судовите во Сараево

Дојави за бомби денеска добија Кантоналниот суд…

БиХ и понатаму ќе добива руски гас

Во БиХ секој ентитет ги договара испораките…

Лиз Трас: Ја обучуваме армијата на БиХ…

Министерката за надворешни работи на Велика Британија,…

Невреме во Босна: Откажани летовите од аеродромот…

Поради лошото време откажани се некои летови…