Додик за Зеленски: Каква ароганција – Што се замислува тој?

t

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик вчера ја коментираше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за земјите од Западниот Балкан.

Додик изјави дека „ароганцијата која ја покажува претседателот на Украина Зеленски го надминува значењето на улогата која тој мисли дека ја има и дека сигурно не е некој кој треба да биде прашан за тоа што Западниот Балкан треба или не треба да прави“.

„Политички е непристојно тој да дели совети на некого, па и нам на Балканот. Неговите ставови не нè интересираат и не се нешто што би требало да го следиме“, кажа Додик по повод обраќањето на Зеленски на граѓаните на Цетиње во кое порача дека санкциите против Русија се задолжителни, а дека Русија е закана за сите и дека тоа „не е ништо помалку важно на Балканот“.

Додик кажа дека Зеленски има свои симпатизери, но дека смета дека другите на Западниот Балкан мислат дека „таквото безобразно сугерирање без каква било основа и држење предавања за тоа кој што треба да направи апсолутно не е соодветно ни на времето, а особено не на улогата која Зеленски ја има во тоа“.

„Човекот се замислил дека може да држи предавања на секого и да оценува кој е на правилен а кој на лош пат. Тоа треба да се отфрли како нешто што дошло од страна која воопшто не е прашања“, кажа Додик.

Тој истакна дека Република Српска останува неутрална кога станува збор за украинската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во четврток е последниот неработен ден за…

Овој четврток ќе биде последниот неработен ден…

Внимавајте: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Ковачевски на Самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од…

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Утринска магла, променливо облачно и слаб ветер

Наутро наместа со појава на магла, во…