Објавено на:

Додон: Ова судење го сметам како измислен изговор на госпоѓата Санду за политички прогон

t

Поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, против кој е покренато обвинение по четири точки, изјави дека случајот против него претставува политички прогон исцениран од актуелната претседателка Маја Санду.

– Ова судење го сметам како измислен изговор на госпоѓата Санду за политички прогон, за да се ослободи од нејзиниот главен политички противник, рече тој.


Додон вели дека пред неколку месеци бил предупредуван да не ја критикува власта во Молдавија и претседателката.

– Дополнително, силно ме советуваа да ја напуштам Молдавија. Јас не го сторив тоа, иако можев. Обвиненијата против мене се површни, лажни и неосновани. Немам никакви недвижности, имот, приходи освен оние што и претходно беа познати на јавноста. Обвинувањата за корупција и предавство се неосновани, бидејќи се темелат на незаконски видео-снимки што не можат да се користат како доказ во судот, нагласи поранешниот претседател на Молдавија.

Тој вели и дека полицијата му запленила неколку илјади евра, собрани од неговите примања за што поседува и докази.

– Освен тоа, парите што ги најдоа кај мајка ми и брат ми се стекнати од продажба на имот и тоа е целосно легално, истакна Додон.

Молдавското обвинителство вчера покрена обвинителен акт против Додон, товарејќи го за кршење на законот по четири точки – за пасивна корупција, финансирање политичка партија на криминална организација, предавство и незаконски стекнато богатство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадор на Молдавија: Во следните шест години…

Амбасадорот на Молдавија во Романија, Виктор Чирила,…

Санду: Немам информации дека Русија планира да…

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека нема…

Русија: Прифаќањето на Украина и Молдавија како…

Русија во петокот рече дека одлуката на…

Санду: Ова е историски ден за Молдавија

Претседателката на Молдавија Маја Санду вечерва изјави дека потегот…

Парламентот на ЕУ ги поддржа Украина и…

Лидерите на ЕУ се во Брисел за…