„Докиснало му на човеко“ – професор во пензија од Кочани за свирепото убиство на Танкица

Бурни реакции во јавноста откако „Призма“ ја објави сторијата за убиството на 46-годишната Танкица од Кочани. Таа на 25. септември, со 40 убоди со нож, беше усмртена од Усеин Рашидов од Кочани.
Откако денеска беше објавена „Анатомија на убиството во Кочани“, најголеми реакции во јавноста предизвика изјавата на извесен професор во пензија, но и останатите од оптеството кои несомнено се своевидни соучесници во убиството, затоа што даваат навредливи квалификации за жената, чии некролози сѐ уште стојат на бандерите.
– Човекот кој бил пензиониран професор, а со кого што новинарката разговарала, за убиството на Танкица рекол: “Докиснало му на човекот”. Ете како системот расте убијци и мразачи, и тоа во образованието, коментира новинарката Сашка Цветковска.
– Зошто жените молчат при насилство, зошто децата вршат булинг , ќе ви стане јасно од изјавата на овој морон од професор.”„Докиснало му на човеко“, вака еден господин, кој ни се претстави како професор, во паркот во Кочани се обиде да го оправда убиството. Тој практично го сумираше главниот наратив на чаршијата во врска со смртта на 46-годишната жена, вели активистката Кристина Ампева.
-Веројатно треба повеќе генерации на трансгенерациски оштетени и неуки луѓе да исчезнат за да можеби почнеме да внимаваме и да се грижиме за себе, околината околу нас и зборовите/мислите кои излегуваат од нашите усти, коментира друг.
– Ова цело општество да се однесе на психијатар, ќе заврши со тешка дијагноза. Апел до сите жени да не плашат од насилници и на првиот знак на вознемирување или закани да зборуваат многу гласно насекаде. Без срам затоа што не е ваша вина. Само така се менува јавната свест и конечно овие психопати од прва ќе си добијат што заслужуваат, порачува една жена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените,…
Владата засега нема да донесе одлука за…