Доларот нагло падна, сега вреди помалку од еврото

t

На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи се очекува забавување на стапката на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка, па курсот на еврото се врати над нивото на 1 долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 3,9 отсто, на 106,42 поени.

Истовремено, доларот падна за 3,9 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0350 долари. Курсот на доларот потона уште повеќе – 5,3 отсто – во однос на јапонската валута, спуштајќи се на 138,80 јени.

Доларот паѓа четврта недела по ред поради очекувањата дека ФЕД ќе го намали темпото на зголемување на каматните стапки, бидејќи најновите податоци покажуваат дека инфлаторните притисоци во САД се намалуваат.

До неодамна, доларот зајакнуваше во однос на речиси сите главни валути во светот, бидејќи се сметаше дека ФЕД има повеќе простор да ги зголеми каматните стапки во борбата против инфлацијата од другите централни банки поради подобрите економски услови. Како резултат на тоа, курсот на доларот во однос на јенот и еврото неодамна достигна највисоко ниво во последниве децении, при што цената на еврото падна под нивото од 1 долар.

Сепак, доларот во последните недели ослабна, па курсот на европската валута се врати над тоа психолошки важно ниво. Повеќето аналитичари сметаат дека курсот на доларот го достигна својот врв и дека во наредните месеци ќе се движи на постојните нивоа, а можеби и ќе се „лизне“ уште пониско.

„Доларот е еден од оние пазари што е екстремно преценет – многу веројатно го достигнал врвот“, рече Џим Сиелински, валутен стратег во Janus Henderson Investors.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвазија: Нов бугарски клуб, овојпат во Кавадарци!

На 11 декември во Кавадарци ќе биде…

Османи: Не можеме да дозволиме или да…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа…

(Видео) Навивачка на Швајцарија покажа „двоглав орел“,…

Репрезентацијата на Србија не успеа да се…

Здружението на новинарите на Македонија денеска избира…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска…

Кармата е кучка: Холандија ќе им стави…

Холандија смета дека е „сè уште прерано“…