Објавено на:

Дополнително оптоварување: Бајден воведува нов данок за најбогатите

t

Во понеделник, Белата куќа ќе претстави план за воведување „минимален данок“ за милијардерите во рамките на буџетот за 2023 година.

700-те најбогати Американци за првпат ќе плаќаат директни даноци, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на пет извори и административен документ во кој весникот има пристап.

Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа и економските советници оваа есен процениле дека 400 семејства милијардери платиле просечна федерална даночна стапка од 8,2 отсто на нивниот приход, помеѓу 2010 и 2018 година. Таа стапка е пониска од стапката што ја плаќаат милиони Американци кои припаѓаат на средната класа.

Милијардерите кои плаќаат пониска стапка ќе треба да ја платат разликата меѓу досега платеното и стапките од 20 отсто, а оние кои веќе плаќаат повеќе од 20 отсто нема да должат дополнителни даноци.

На тој начин најголемиот дел од новите приходи собрани од данокот би дошле од американските милијардери, а властите проценуваат дека воведувањето на новиот данок ќе ги зголеми приходите за околу 360 милијарди долари во следните 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана…

Руски астронаут првпат по 20 години полета…

Њујорк Тајмс: Американските разузнавачки агенции велат дека…

Американските разузнавачки агенции велат дека членовите на…

(Фото) САД го покажаа “најдоброто”: Ова е…

Најновиот и најнапредниот носач на авиони на…

Лавров ги спореди САД со Хитлер: И…

Соединетите Американски Држави денеска го потчинија целиот…

Поранешниот шеф на ЦИА се закани: САД…

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе…