Објавено на:

Досегашната штета во Украина е проценета на 600 милијарди долари

t

Штетата што Украина ја претрпе досега поради руската инвазија достигна меѓу 564 и 600 милијарди долари, соопшти денеска Киевската школа за економија.

Станува збор за уништени станбени згради и други објекти, инфраструктура и индиректни штети поради падот на бруто домашниот производ, изгубени инвестиции и дополнителни трошоци за одбрана и социјална помош, јавува ББЦ.


Директната штета од уништените објекти и инфраструктура изнесува 105 милијарди долари, а од уништените станбени објекти околу 40 милијарди.

Украинските компании досега претрпеа штета од 11 милијарди долари, од 500 милиони долари само во последните недели.

Досега повеќе од 200 компании, фабрики и други индустриски погони се уништени, оштетени или предадени во рацете на Русија.

Поранешниот украински министер за финансии Тимофеј Милованов за ББЦ изјави дека по завршувањето на војната на државата ќе и бидат потребни околу 750 милијарди долари за реконструкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден трофеј: Руските воздушни сили соборија…

Руските воздушни сили соборија украински авион МиГ-29…

(Видео) Тешко на Украинците: Русија објави снимки…

Руското Министерство за одбрана објави снимка од…

Да ја прогласат за народен херој: Украинска…

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала…

Друго е кога ќе се спомне Сармат:…

Украина веројатно нема да презема чекори за…

(Видео) Малку ги изненади: Шојгу им упадна…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу беше…