Досега не можеа – Каевски: Преку планираниот Буџет ќе обезбедиме сигурност, стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст

t

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

Во изминатите 10 месеци успеавме да ја спасиме македонската економија и во ек на најголема криза да ги помогнеме граѓаните и компаниите.

Со економските политики за наредната година, преточени преку Буџетот антикризните мерки ги комбинираме со политики за повторен економски раст.

Преку планираниот Буџет ќе обезбедиме сигурност, стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст.

Успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од неа, но и ќе овозможиме и раст на животниот стандард, брзо закрепнување и нов пат на развој.

Платите и пензиите ќе растат и наредната година. Само за пензионерите во Буџетот се предвидени 120 милиони евра повеќе во споредба со лани.

Во Буџетот се обезбедуваат 250 милиони евра средства за антикризни мерки, 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 57,5 милиони евра повеќе за општините, 63 милиони евра повеќе за здравствени услуги.

Главна карактеристика на Буџетот се проектираните капитални инвестиции од 800 милиони евра, за нови водоводи, патишта, улици, школи, градинки….

Во Буџетот за наредната година се проектирани 52,3 отсто повеќе капитални расходи во однос на 2022.

Дополнитено се намалуваат непродуктивните трошења.

За сметка на тоа предвиден е раст од 5 отсто за плати, каде е вклучено зголемувањето на минималната плата.

Буџетот за 2023 година е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна држава, идна земја членка на ЕУ.

* Центар за комуникации на СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…

Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…

Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во…

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира…

Каевски: СДСМ успешно менаџира со енергетската криза

Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни…

СДСМ се фалат: За една година отворени…

Мерките и политиките, што ги креира Владата…