Доставувач на пица од ДУИ стана заменик-директор на Државна лотарија на Македонија

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини ДУИ дека се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните. Тој рече дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за директор на Државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.
Вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој цело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани во напад на опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдите и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот, и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…
Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…
Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за…
„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината…
Македонија на 85-то место на светскиот индекс…
На меѓународниот индекс за перцепција на корупцијата…
Добро утро со Инфомакс: По патот на…
Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…
Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…
На денешен ден, 18 јануари 1830 година…