Дојави за бомби во ФФМ и Националната арена „Тоше Проески“

t

Покрај дојавите за бомби на скопскиот аеродром и хотелот „Александар палас“, закани пристигнале и на адресите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Националната арена „Тоше Проески“.

Во тек е евакуација на вработените, а полицијата е на терен и врши безбедносни и антитерористички проверки.

Ова е првпат да има закани за бомби во спорстки институции и објекти.

Вчера имаше информации за поставени бомби во 49 основни и средни училишта во Скопје и Куманово. Во Скопје 17 основни и 22 средни училишта добиле закани со бомби, а во Куманово девет основни училишта и едно средно училиште.

Сите беа утврдени како лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите дојави за бомби во скопските училишта…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

(Фото) Пандев не издржа: Поранешниот капитен со…

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан…

Паника во Молдавија: Серија дојави за поставени…

Полицијата во главниот град на Молдавија Кишињев…

Нема мир во Србија: Дојави за бомби…

Полицијата во српскиот град Крагуевац добила дојави…