Објавено на:

Драмата продолжува: Дронот кој падна во центарот на Загреб бил украински

t

Беспилотното летало, што на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана.

Истиот извор за Национал открил дека е извесно дека авионот излегол од контрола и оти наместо на руските позиции во Украина, завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво. Останува непознато дали леталото изгубило контрола поради човечка или техничка грешка.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека дронот носел експлозив, еден вид бомба и дека понатамошната истрага ќе утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска, како и дали се работи за грешка, саботажа или намера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограничен е влезот на возила во регионот…

Според официјалната мрежа на локалната власт на…

Ковачевски најави забрана за набавка на морски…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес…

Јакимовски за референдумската иницијатива на Левица: Доста…

Лидерот на ГОРМ, Стевчо Јакимовски смета дека…

Ковачевски најави субвенции на сметките за струја

Темата на вечерашната вонредна прес-конференција е енергетската…