Драма во Србија – ќе има големи проблеми за власта: Лидерот на српските муслимани бил отруен, сопругата бара обдукција?!

t

Елма Елфиќ Зукорлиќ, сопруга на починатиот српски политичар и верски лидер Муамер Зукорлиќ, се огласи по прес-конференцијата на неговиот син од првиот брак, Усама Зукорлиќ, кој тврди дека има докази оти неговиот татко, кој почина во ноември, е отруен.

Синот денеска тврдеше дека две светски лаборатории утврдиле со голема веројатност дека починатиот муфтија е отруен со тешки метали во храна.

Неколку часа по пресот на Усама Зукорлиќ, неговата маќеа соопшти дека семејството е вознемирено од шокантните тврдења, за кои претходно немало никакви наводи или информации.

„Моите деца и јас сме силно потресени и вознемирени од наводите кои денеска беа искажани, исто така и од тоа што немаме никакви информации каде е правена анализата на примерокот, во која земја и во која лабораторија. Сѐ што знаеме, дознавме од медиумите“, напиша Елма Е. Зукорлиќ.

Таа додаде дека семејството ќе бара да се изврши обдукција на телото на Муамер Зукорлиќ, кој почина во ноември, кога како причина за смртта официјално беше заведен срцев удар.

„Децата и јас бараме што побрзо да ги добиеме севкупни информации за искажаните наводи, на кои имаме апсолутно право. Бараме ексхумација и обдукција, но и она што не се слушна на прес-конференцијата, ако се покаже дека наводите се точни, да се покрене истражна постапка и виновникот да се најде и да се изведе пред лицето на правдата“, пишува во објавата на една од сопругите на Зукорлиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски побара заеми од Запад за самостојно…

Киев изгуби над 16.000 парчиња тешко оружје…

Шојгу зборуваше за украинската контраофанзива: Изгубија повеќе…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди…

Каменот од блиску доаѓа – Зеќири: Јас…

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири кажа…

Русија ја презема контролата над големиот аеродром…

Претседателскиот декрет ги префрли акциите на Аеродромот…

(Видео) Зеленски и се закани на Америка:…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во големо интервју…