Драма во Тетово: Ги бркале со секири, нападнати новинар и снимател

t

Новинарот Невриј Адеми и снимателот Збулим Максути од Телевизија Полог кои вчера беа физички нападнати во гостиварското село Ѓурѓевиште, денеска споделија со што се соочиле и како нивните животи биле доведени во опасност.

Адеми рече дека бара со закон новинарите да бидат прогласени за службени лица, со што би имале поголема заштита од насилство.

До инцидентот, како што нагласи, дошло кога стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето откако за неповолните услови известувале пред некој месец.

Таму сега има инвестиции и се прави кон подобро. Ние бевме таму за да снимиме. Се доближи еден човек со кола, седеше пет минути надвор додека нашиот камерман беше внатре. Кога излезе нашиот камерман од внатре тој почна да пцуе по нас да навредува и дојде до влезот на школото. Ме фати мене, ме турна по скалите и почнавме да му збориме дека не сме овде за нешто лошо.Тој не разбрираше никако. Отиде и зеде секира од хигиеничарот, кој во тоа време сечеше дрва. Значи секирата ми беше пет сантиметри од глава. И пак навредуваше. Ние најдовме момент и избегавме со кола, раскажа Невриј.

Додека се движеле кон соседното село Неготино, човекот ги следел. Новинарот и снимателот затоа заминале кон полициската станица за да се спасат од евентуален нов напад и да го пријават случајот.

Јас го молам обвинителството да преземе мерки за да не случуваат овие настани, да не чекаме месеци и години за да донесат одлука. За мотивите на насилникот, јас не можам да кажам, ама првите зборови му беа политички. Тебе те испрати некој овде, пцуеше лидери на партии. Јас не можам да кажам дека тој беше од некоја партија, истакна Адеми.

Ова не е му е првпат да му се случи ваков инцидент, вели 23-годишниот новинар кој случајот го пријавил и во Здружението на новинарите од каде имаше јавна реакција.

Властите итно да најдат решение, да не биде законот во фиока во парламентот, треба да се донесе многу брзо тој закон за напад на службено лице за нас новинарите, рече Невриј.

Полицијата вчера информираше дека 59-годишникот кој новинарот го пријавил е лишен од слобода вчера околу 17 часот и 30 минути. Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска против исклучувањето на Унгарија од Шенген…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава…

СЗО: Повеќе од 200 светски научници открија…

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела ја…

Николова: ВМРО-ДПМНЕ постави министерка која смета дека…

Тажно е што ВМРО-ДПМНЕ постави министерка за…

Aко го најдат – МВР: Најстрого ќе…

Министерството за внатрешни работи најостро го осудува…

Локализиран пожарот што избувна во зграда во…

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во…