Објавено на:

Драма во Тетово: Лица од Гајре и Шипковица тепале полицајци, имало и пукање

t

Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена.

При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре и Шипковица дека им барале пари и им се заканувале, а на жителот од Шипковица му одзеле и добиток.

– При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетово “лета”: Изречени 149 санкции за брзо…

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14…

СВР Тетово заедно со спортските клубови ќе…

Претставниците на повеќе спортски клубови од гостиварскиот…

Пожарот избувна од дефибрилатор, не од продолжен…

Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во…

Драма во Тетово: Маж и жена физички…

„На 29.07.2022 во 12.45 часот во СВР…

Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж…

Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник…