Драма на “Бит Пазар”: Пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па избегал!

t

На 12.08.2022 во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол, информира МВР.

Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

-Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во Аеродром: Ранет млад скопјанец

Вчераутро околу 3 часот во СВР Скопје…

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Пукање вечерва во Чаир, повреден…

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Пукање вечерва во Чаир, повреден…

Малолетник поведен од воздушна пушка во кумановско

МВР информира дека вчера во 22.10 часот…

Филмска престрелка во Бугарија: Двајца се мртви,…

Две лица загинаа од прострелни рани при…