Драма на “Бит Пазар”: Пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па избегал!

t

На 12.08.2022 во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол, информира МВР.

Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

-Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35), обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски го посети пазарот во Ѓорче Петров:…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се прошета низ…

Ќе се пука вечерва во Скопје: Ова…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Филмска бркотница со автомобили во Скопје: Се…

Бркотница со автомобили и пукање од пиштол…

Нов инцидент во Косово: Албанец застрела Србин…

Пред дискотеката на влезот во Грачаница синоќа…