Државен завод за ревизија: Само ГРОМ и БЕСА објективно ги прикажале податоците во финансиските извештаи

Државниот завод за ревизија денеска ги објави ревизорските извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи на сметките за редовно работење на осум политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците, ДПА, ГРОМ и ДНЕТ (Движење за национално единство на Турците).
Од сите овие партии, ДЗР даде мислење без резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики само за БЕСА и ГРОМ.
СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добија мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на податоците во своите финансиски извештаи.
Додека ДПА, Алијанса за Албанците и ДНЕТ добија неповолно мислење кое ДЗР го бележи со црвена боја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си легнаа на брашното: Беса ќе оди…
Мелинда Рашиди од движењето Беса во емисијата…
БЕСА го подбра лидерот на ДУИ: Изјавата…
Од Беса изјавата на лидерот на „интегративците“,…
Обединување на албанскиот блок: БЕСА ќе ги…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценува дека…
Се јави Хоџа: БЕСА ќе даде поддршка…
Заменикот претседател на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа…
БЕСА ќе поднесе интерпелација за Артан Груби…
Движењето БЕСА се очекува да достави до…