Др.Петличковски: Ниедна студија не покажува дека омикронот е лесна варијанта па треба да ги фрлиме маските

t

За да заврши пандемијата идеално би било во краток временски период да се имунизира целото население, но тоа е невозможно. Секогаш кога непропорционално се распоредуваат вакцините останува еден регион каде лесно вирусот се шири и многу лесно мутира, вели во „Трилинг“, проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика кој е претседател на Комисијата за заразни болести.

Како што вели професорот новиот сој ги заразува и вакцинираните бидејќи вакцините се поризведени за оргиналниот вирус, додавајќи дека тоа е една од причините зошто толку долго трае пандемијата.

-Маските од почетокот на пандемијат до денес се покажаа како многу ефикасно средство за отежнување на ширењето на вирусот и од таа причина тие и денес се корсни.Ниедна студија не покажува дека омикронот е лесна варијанта па треба да ги фрлиме маските , вели Петличковски.

Тој смета дека треба да се направи анализа за да се утврди дали треба да се укинат сертификатите.

-Сертификатите во ситуација кога се заразуваат и вакцинираните го губат значењето, но идејата за нивното воведување беше да се засили вакцинирањето бидејќи кај нас има ниска стапак на вакцинирано население. Целта беше постигната бидејќи најголем број на вакцинирани имавме точно кога беа воведени ,за да се укинат потребна е анализа, вели Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…

Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…

Шест македонски возила изгребени со остар предмет…

Ванковска: Колку пати ќе умираме, кој си…

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на Фејсбук прашува…

(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…

Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…