Објавено на:

Дугин бесен: Бара “отстранување на Путин” – Тектонски поместувања по повлекувањето на војската од Херсон!

t

Руското повлекување од Херсон сериозно ги налути поддржувачите на рускиот претседател Владимир Путин и предизвика тектонски пореметувања во тамошната јавност. Најсилниот „шамар“ за рускиот лидер дојде од режимскиот филозоф Александар Дугин – кој со години важи за еден од неговите најблиски соработници.

Дугин, кој го нарекуваат и „татко на рускиот свет“ и „духовен учител“ на Владимир Путин, не само што го нападна Путин туку и повика на негово „отстранување“, пренесоа светските медиуми.

„На владетелот му даваме апсолутна моќ и власт за да не спаси сите нас – народ, држава, луѓе, граѓани – во критичен момент. Но, ако не може да не спаси, тогаш е предодреден да биде ‘крал на дождот’“, рече Дугин, цитирајќи го познатиот шкотски антрополог Џејмс Фрејзер, кој во својата книга „Златната гранка“ напишал дека домородците на одредено племе му ја дале на нивниот поглавар сета моќ да ги спаси од суша и да предизвика дожд, но кога тоа не му успеало- му го распарчиле стомакот.

Многумина ова го протолкуваа како повик за соборување на Путин, кој не успеа да обезбеди победа за својот народ во војната.

Дугин нуди и решение и спас од евентуален пораз.

„Нашиот последен ресурс е идеологијата. Само руската идеја може да не спаси. Само таа. Техничките средства повеќе не се доволни за победа во војната. Руската идеологија има одговорност да ги заштити руските градови како Херсон, Доњецк и Симферопол“, рече Дугин, додавајќи дека поразот на Русија во војната може да доведе до „нуклеарен армагедон“.

Како што вели тој, тоа што Западот ќе го бара од Русија не може да биде прифатливо за Москва.

„Значи, она што останува е тактичко нуклеарно оружје или стратешко нуклеарно оружје. Тоа е – крајот“, апокалиптично заклучува разочараниот идеолог на Путин, Дугин.

Интересно е што Дугин ја отстранува секоја одговорност за повлекувањето од Херсон од генералот Сергеј Суровикин, бидејќи, како што вели, „тој е одговорен само за техничката страна на бојното поле и не е одговорен за политичките одлуки“.

Затоа, Дугин смета дека напуштањето на Херсон е политичка, а не воена одлука.

Меѓутоа, по неколку часа, очигледно под притисок, Дугин ја отстрани својата објава за вината на Путин за „падот на Херсон“. Кој тоа го барал од него ќе остане непознато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…

(Видео) Вака не се добива војна: Руските…

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео…

Путин и Зеленски со исто гледиште за…

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски…