Објавено на:

Дуда ја обвини Германија: Не ни праќаат тенкови, а ние ги пративме нашите во Украина

t

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја обвини Германија дека го нарушува снабдувањето со тенкови „Леопард“ за да ги заменат оние што Варшава ги испрати во Киев, такво ветување претходно имаше и Берлин, изјави полскиот лидер за „Ди Велт“.


„Поголемиот дел од нашиот арсенал тенкови во полските вооружени сили се состои од германски тенкови од типот Леопард. Ако Германија не поддржи, ако добиеме замена како дел од кружната размена, ќе бевме многу среќни“, рече Дуда, додавајќи дека „таквото ветување е направено, но неисполнето“.


Според претседателот, Полска испорачувала тенкови на Украина, надевајќи се дека за возврат ќе добие слични возила од НАТО, пред се од САД и Германија. Претходно, германското Министерство за одбрана најави дека во рамките на таканаречената кружна размена, ќе испорача нова воена опрема за источноевропските земји, со што Украина би добила постара опрема. Така, украинската армија ќе може да користи оружје без да помине дополнителна обука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куферите спакувани: Германија дозволува привремен влез на…

Германија ќе дозволи влез на странски работници…

Во Минхен марш против Г-7

Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир…

Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на…

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Илјадници Полјаци и Украинци денеска маршираат за…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…