ДУИ: Албанскиот јазик во полициските униформи, одраз на принципот на рамноправност

t

Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење.

Демократската Унија за Интеграција смета дека со оваа одлука со која се овозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Македонија.

Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата.

Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство, стои во нивното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски до Милошоски: „Џуџето од Кичево заедно…

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и…

Укинување на „резиденти“ и „нерезиденти“ – Фетаи:…

Уставниот суд укина деловите од Методологијата за…

Toлку беше: САД и Кина потврдија дека…

САД и Кина соопштија дека постигнале договор…

Студентите во блокада најавија: Утре, на Видовден,…

Српските студенти во блокада утре, на празникот…

Невремето започна: Во овие делови од Македонија…

Се забележуваат области со интензивни врнежи западно…