ДУИ: Ние сме спремни за избори – И на редовни и на предвремени ќе бидеме победници

t

Партиите од парламентарното мнозинство инсистираат дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, како и за проширување на владината коалиција, бидејќи, како што велат, таа е стабилна. Во меѓувреме, од друга страна, опозициските партии инсистираат дека единствен начин да се спаси државата од економската и енергетската криза се предвремените парламентарни избори и нова влада.

– Сметам дека Владата има капацитет да се справи со сите овие прашања. Успешно се справивме со корона-кризата и успешно ќе се справиме сега, заедно со сите граѓани и нивните претставници во Собранието. Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.

Од ДУИ за „Локално“ велат дека тие се подготвени за предвремени или редовни парламентарни избори кога и да се одржат, и од истите како што нагласуват, тие ќе излезат како победници. „Во овие моменти на економска и енергетска криза Избори не се неопходни“.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да бараат предверемени избори за да покажат државнички однос кон ситуацијата во која се наоѓаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што сака да каже Меџити, дека планира…

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е…

Груби од Чаир: Мојата рака е подадена,…

Првиот вицепремиер Артан Груби, вечерва, на партиска…

“Гори” преполната сала во Чаир – Груби:…

Демократската унија за интеграција вечерва во Чаир…

Да! Тој доаѓа: Членови на ДУИ го…

Голем број членови и симпатизери на ДУИ…

Најчевска за фудбалот на министрите на ДУИ:…

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако…